Search

Коронавирусот добро му дојде на сопственикот на ,,Тик-ток”, приходите ги зголеми за 130 отсто

Компанијата со седиште во Пекинг ByteDance, сопственик на апликацијата „Тикток“, оствари приход од околу 40 милијарди јуани (5,64 милијарди долари) во првиот квартал, јави „б92“.

Ова е за 130 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година, за што клучно придонесоа луѓето кои останаа дома за време на врвот на пандемијата на коронавирус.

Целта на приходот на компанијата за 2020 година е поставена на околу 200 милијарди јуани. ByteDance сака да достигне половина од приходите на ривалската компанија „Тенцент холдингс“, соопштија извори.

Компанијата се обидува да го развие „Тикток“, а минатиот месец го назначи извршниот директор на „Дизни“, Кевин Мајер за нов извршен директор на „Тикток“.

Треба да знаете
Последни објави