Search

Словенечкото Собрание едногласно го одби предлогот да се укине задолжителната вакцинација

Ниту еден пратеник во словенечкото Собрание не гласаше позитивно за предлогот да се укине задолжителната вакцинација на населението. Предлог законот, што во февруари го поднесе здружението „За здраво семејство” со собрани 5.000 потписи, пропадна откако беше акламативно отфрлен од пратениците на власта и опозицијата со 80 гласови против.

Законското решение предвидуваше вакцинацијата да биде доброволна по желба на граѓаните, а не задолжителна.

Дел од пратениците изјавија дека станува збор за неодговорен и крајно небулозен предлог закон, бидејќи вакцинацијата е една од најголемите цивилизациски и медицински придобивки. Дополнително тие сметаат дека колективниот имунитет и здравје не е прашање на личен избор, туку на обврска која е законски регулирана за доброто на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави