Почина легендата на српската фолк музика, Добривоје Топаловиќ

Легендарниот српски фолк пеач Добривоје Топаловиќ почина денеска  на 75-годишна возраст.

Тажната вест ја потврди неговата колешка Снежана Ѓуришиќ.

– Да, почина, долго време страдаше од карцином, една година и си замина. Почина во Чачак – потврди Ѓуришиќ.

Тој започна да пее во културно и уметничко општество во Чачак, а првиот албум „Кога би знаела колку те сакам “ во 1968 година.

За време на неговата повеќедецениска кариера, тој сними 26 сингл плочи и шеснаесет студиски албуми.

Треба да знаете
Последни објави