Search

Намество во самоизолација, позитивен на Ковид 19 од Свети Николе се шетал низ градот

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против И.Ј. (43) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело“непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 10.06.2020 во 13,00 часот, пријавениот го напуштил својот дом и се движел по ул.„Илинденска“ во Лозово, односно не постапил според решение на државен санитарен и здравствен инспекторат со кое му било одреден здравствен надзор и самоизолација во домашни услови во траење од 14 дена се до 18.06.2020, како и напуштање на домот со што не почитувал решение од 11.06.2020 со кое на пријавениот му се одредува лекување и изолација во домашни услови во траење од 14 дена со цел спречување на ширење на Ковид 19.

Од МВР информираат и дека поднеле кривична пријава против И.З. (46) од Тетово,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “пренесување заразна болест“.

Пријавениот во временскиот период од 09.04.2020 до 22.04.2020 бил сместен во државен карантин во Скопје и според потпишаната изјава пријавениот во временскиот период од 22.04.2020 до 05.05.2020 требало да биде во домашна самоизолација, а на 29.04.2020 од полициски службеници по извршената контрола во домот на пријавениот, не бил затекнат во домот.

Треба да знаете
Последни објави