Search

Избегани затвореници од затворот „Струга“ фатени за време на полициски час, ќе си платат и казни

Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлози за издавање казнени налози против 10 лица кои не го почитувале полицискиот час.

Обвинетите биле затекнати како се движат на различни локации, непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Двајца од нив издржувале казна во затворот во Струга, a за време на полицискиот час биле затекнати како се движат во близина на затворот од каде биле избегани.

Ценејќи ги околностите во секој предмет поединечно, надлежен јавен обвинител за 8 обвинети предложи парична казна од 100 дневни глоби со висината на една дневна глоба од 30 евра, за едно лице –  100 дневни глоби од по 20 евра и за едно лице – парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневна глоба од 10 евра во денарска противвредност.​

Треба да знаете
Последни објави