Search

(Видео)И полицијата во Будва со колено на шијата ги притиска приведените

Тензичната атмосфера и немилите сцени кои утрово се декор во црногорскиот приморски град Будава дополнително зовреа по социјаните мрежи откако се појави видео и слики како полицијата ги притиска со колено на шијата приведените. Ваква слика беше повод за смрта во САД на Афромериканецот Џорџ Флојд што подоцна ескалираше со насилни протести ширум земјата, а се раширија ширум светот.

Утрово во општинаската зграда во Будва беа уапсени градоначалникот на Будва Марко Царевиќ, претседателот на Советот на општината Крсто Радовиќ, секретарот за инвестиции Младен Микељ. Токму приведувањето на Микељ од страна на полицијата е направено со притискање на коленото врз шијата на уапсениот што ги разгневило граѓаните присутни на овие немили сцени.

 

Треба да знаете
Последни објави