Бандиќ се тетеравел бидејќи не земал дневна доза терапија

Градоначалникот на хрватската престолнина Загреб, Милан Бандиќ при вчерашната посета на паркот во Сесвета се тетеравел, па морале да го придржуваат неговите соработници за да не се струполи на земја. Невообичаено Бандиќ при оваа посета молчел, што не е карактерна осбина за него.

Што му се случувало Бандиќ објасни утрово при гостувањето на Радио Сљеме.

-Не ми беше добро. Заборавив да ја земам редовната терапија која ја користам за регулирање на крвниот притисок. Можеби требаше да си останам дома, но отидов и одработив колку ми дозволуваше здравствената состојба. Кога се вратив дома ја зедов терапијата и сега сум добар – појасни Бандиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави