Search

Артета сака Луиз да остане во Арсенал

Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Арсенал, Микел Артета, зборуваше за неговата желба да го задржи во тимот дефанзивецот Давид Луиз.

Претходно беше објавено дека договорот на 33-годишниот Бразилец истекува на 30 јуни и не се водат преговори за продолжување на соработката.

– Јас сум навистина задоволен од Давид и сакам тој да остане со нас. Тој беше пример за поддршка на моите замисли кога дојдов во клубот, изјави Артета.

Оваа сезона, Луиз има одиграно 32 натпревари на сите натпреварувања, во кои постигна два гола и направи една асистенција.

Треба да знаете
Последни објави