Search

Филипче: Пораките на поглаварот на ИВЗ дека коронавирусот е се уште тука, се значајни за подигање на свеста

Ме радува ставот на поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху. Неговите пораки упатени до верниците дека коронавирусот е се уште тука, се значајни за подигање на свеста кај граѓаните. Поглаварот посочи дека вирусот е опасен и брзо се шири и побара од своите верници да ги почитуваат мерките за заштита и препораките на стручните лица, со што покажа одговорност кон состојбата во земјата, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот истакнува дека е исклучително важно сите чинители во општеството да се вклучат во борбата со коронавирусот.

– Секој во својот круг на делување може да влијае на свеста на граѓаните и да укажува дека само со почитување на мерките можеме да ја надминеме оваа состојба, посочува Филипче.

 

Треба да знаете
Последни објави