Search

Пуштена во употреба обиколницата кај Фиер, еден од најзначајните проекти во албанската патна инфраструктура

Пуштена е во употреба обиколницата кај Фиер, што претставува еден од главните проекти во албанската патна инфраструктура, што е од големо значење во одвивањето на сообраќајот, посебно за време на летната сезона.

Премиерот Еди Рама, по неговата вчерашна посета на терен, денеска сподели видео запис од оваа важна патна делница на која може да се поминат 22 кулометри за 15 минути со брзина од 120 км на час.

„Добро утро, ви посакувам среќен пат по обиколницата во Фиер, која е според сите потребни стандарди, напиша Рама.

Обиколницата Фиер е од особено значење затоа што овозможува поврзување на три патни правци: Лушња-Фиер, Леван-Валона и Леван-Тепелена, но во исто време го прави многу достапно јужното крајбрежје.

Со обиколницата патувањето од Тирана до Валона се скратува за 35 минути.

Ова е еден од клучните сегменти на автопатот север-југ, широк е 22 метри, долг околу 22 километари, со инвестициска вредност од 60 милиони евра и е финансиран од Европската банка за обнова и развој,ЕБОР и европската инвестициска банка,ЕИБ.

Треба да знаете
Последни објави