Search

Организираниот криминал закана за албанската национална безбедност

Албанската агенција за разузнавање, ШИШ, го објави својот извештајот за минатата година околу состојбата со криминалот во земјата и факторите кои ја загрозуваат националната безбедност.

Меѓу другото, оваа институција го истакнува зајакнувањето на албанските криминални групи, особено во трговијата со дрога.

Исто така се наведува дека организираниот криминал, корупцијата, активноста на службите кои не се пријателски настроени и насилниот екстремизам и понатаму се опасност за националната безбедност во текот на 2019 година.

-Криминалните лица кои ја избегнале казната и се засолниле во странски земји, оттаму служат како мостови што ја поврзуваат недозволената трговија со криминалните елементи во земјата. Освен во европските земји, активни се и во земјите од каде потекнува кокаинот и хероинот, каде соработуваат со локални криминални елементи, стои во извештајот.

Според ШИШ, оваа активност е фаворизирана од позиционирање на албанските криминални елементи во земјите на потекло на производство на дрога и на клучните точки на нејзина дистрибуција или трговија.

-Има зголемување на нивото на конфликти и ривалство и за перење пари. Криминалните групи користат и платени професионални убијци. Криминалните групи се јавуваат со флуидна, прагматична организација, вклучени во некои нелегални активности, се наведува во извештајот.

Друг феномен кој често се евидентира од страна на Агенцијата, во изминатата година, останува корупцијата.

-Оваа појава продолжува да биде проблематична во правосудниот систем и во некои сегменти на јавната администрација. Поради зголемените мерки против корупцијата и реформата во правосудството, елементите на правосудниот систем покажуваат дополнителна претпазливост за да ја избегнат изложеноста и врските поради процесот на ветинг, констатира ШИШ.

Се додава дека приходот обезбеден од криминалните активности, се вложува или во „проширување на криминални активности или во легитимни бизниси”.

„Доминантни сектори за перење пари остануваат градежниот бизнис, недвижностите, хотелиерството и туризам, итн. Крајбрежните и урбаните области остануваат најатрактивни, бидејќи тие нудат потенцијал за повеќекратно враќање на првичните инвестиции, се наведува во извештајот на ШИШ.

Треба да знаете
Последни објави