Search

Нови три случаи на заразени со коронавирусот во Словенија

По период без нови случаеви, изминатите неколку денови во Словенија повторно се регистрираат новозаразени со коронавирусот. Во последното деноноќие се потврдени три нови случаи. Во истиот период тестирани се вкупно 567 лица. Поради Ковид-19 болнички се лекуваат седум пациенти, а еден е на одделението за интензивна нега.

Според Националниот институт за јавно здравје добро е што новозаразените се практично без симптоми. За еден случај во Марибор се знае дека се работи за словенечки државјанин кој се вратил од Србија.

Во истиот град две цели одделенија се испратени во самоизолација, откако беше откриено дека ученик во основното училиште Лудвиг Плиберк е позитивен на вирусот.

Треба да знаете
Последни објави