Search

Муцунски: Поради СДСМ, Македонија дојде до ситуација да ја нарекуваат „Grand zero“

Денес во емисијата „Топ Тема“ на Телевизија Телма гостуваше меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски кој што посочи дека СДСМ треба да одговара за дебаклот што се случи во здравствениот и економскиот дел. Очигледно неспособноста на СДСМ исплива по кој знае кој пат на виделина.

„Има еден термин кој се нарекува одговорност, слушнав многу за гледиштата кон причините зошто ние се наоѓаме во оваа криза, и навистина ми беше непријатно како слушнав дека министерот Наќе Чулев и сите граѓани се виновни. Барем тоа е моја една интерпретација. Постојат институции на систем, постои претседател на Влада, постои министер за здравство, постои Комисија за заразни болести. Па ако влеземе во министерството за внатрешни работи постои и директор на Бирото за јавна безбедност. И сите овие луѓе се од политичката партија на СДСМ“, појасни Муцунски на излагањето на Манчевски во емисијата „Топ Тема“.

Муцунски додаде дека по него имаше неконзистетна здравствена политика, експертите некој ден нека дебатираат зошто Македонија дојде до оваа ситуација да не нарекуваат „Grand zero“ за Ковид во Европа. Имаме застрашувачки бројки, и се уште сме изолирана земја во Европа, од гледна точка отворени гранични премини.

„За мене ноторен е фактот покрај неуспехот во делот во справувањето со економските последици од кризата имаме страшен дебакл во справувањето со здравствениот дел од оваа криза“, нагласи Муцунски.

Треба да знаете
Последни објави