Search

Избрани членови на Советот на јавните обвинители

Комисијата за спроведување на избори за членови на Советот од редот на јавните обвинители денеска ги објави резултатите по извршениот избор од страна на јавните обвинители во Република Северна Македонија, по огласот објавен во Службен весник на РСМ бр.128/20 од 18.05.2020 година, од подрачјето на ВЈО Битола, ВЈО Гостивар, ВЈО Скопје, како и од посебната листа на кандидати на јавните обвинители припадници на сите заедници кои не се мнозинство во Република Северна Македонија за целата територија на Републиката, со изборни места како за општата листа.
-За член на Советот од подрачјето на ВЈО Битола е избран Антонио Јолевски – јавен обвинител во ОЈО Битола, за член на Советот од подрачјето на ВЈО Гостивар е избран Фаик Арслани – јавен обвинител во ВЈО Гостивар, за член на Советот од подрачјето на ВЈО Скопје е избрана Фиданка Рајевска – јавен обвинител во ВЈО Скопје, за член на Советот од посебната листа на кандидати јавни обвинители кои не се мнозинство во Република Северна Македонија за целата територија на Република Македонија е избран  Коле Штерјев – јавен обвинител во ВЈО Скопје, се наведува во соопштението од Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија. 
Треба да знаете
Последни објави