Search

Во БиХ 45 нови случаи на коронавирус

Нови 45 случаи на коронавирус се потврдени во Босна и Херцеговина во изминатите 24 часа, објави Институтот за јавно здравје. Направени се 814 тестови, а болеста е потврдена кај 33 лица од територијата на Федерацијата на БиХ, како и 12 лица кои живеат на територијата на Република Српска.

Најголем број новозаразени има во Сараево, каде се потврдени шест случаи.

Вкупниот број на заразени во БиХ од почетокот на епидемијата сега е 3.085, а потврдени се и 165 смртни случаи.

Земјата речиси три недели има двоцифрен број на новозаболени дневно, но надлежните проценуваат дека ситуацијата е под контрола и дека освен строго спроведување на препорачаните мерки за физичка дистанца, носење заштитни маски и дезинфекција на рацете, нема потреба да се наметнуваат дополнителни ограничувања кои претходно беа на сила.

Треба да знаете
Последни објави