Search

(Видео) Судири за време на протестот на здравствените работници во Париз

Полицијата во Париз употреби солзавец, во обид да спречи немири за време на протестот на здравствените работници во центарот на градот.Протестите се одржаа пред зградата на Министерството за здравство, а демонстрантите бараат да им бидат зголемени платите и намалени работните обврски.

Протестот се случува во период кога се водат национални консултации околу реформите во здравствениот систем, кои траат во Франција веќе три недели. Според демонстрантите, разговорите се неуспешни.

Радикални учесници фрлаа камења, шишиња и запаливи средства кон полицијата, која одговори со солзавец и блокираше неколку улици.

Протести на здравствените работници се одржааи во други градови во Франција.

Треба да знаете
Последни објави