„Икеа“ ќе им враќа пари на државите

Шведската компанија „Икеа“ донесе одлука во некои земји да им ги врати парите на владите што ги добила од нив за време на пандемијата на коронавирус со цел да се зачуваат работните места.

Според „Фајненшнл тајмс“, претставниците на „Икеа“ веќе контактирале со надлежните органи во Хрватска, Ирска, Белгија, Чешка, Португалија, Шпанија, Романија, Србија и САД за да го договорат начинот за враќање на средствата во државните буџети.

Членката на одборот, Тонга Онцу, рекла дека сега се попаметни отколку во февруари и март, кога очекувале пандемијата да предизвика пад на продажбата до 80 проценти, но дека во меѓувреме тоа се покажало погрешно.

„Се покажа дека многу од нашите клиенти решија да реновираат и побарувачката не падна толку многу“, рекла таа, додавајќи дека ставот на „Икеа“ е дека владите ѝ помогнале за време на кризата и дека компанијата е во можност да ги врати средствата.

Портпаролката на „Икеа“ објасни дека е многу важно за нив да одржуваат добри односи со државите, така што компанијата најавува дека нема да земе државни пари и во Германија, за да се зачуваат работните места.

До август 2019 година во однос на 2018 приходите на „Икеа“ скокнале за 5,3 проценти, на 39,1 милијарди евра. Заработката во истиот период се зголемила од 1,46 милијарди евра на 1,81 милијарди евра.

Треба да знаете
Последни објави