Search

Филмовите кандидати за „Оскар“ ќе треба да исполнат критериум на диверзитет, велат од Академијата

Организацијата што ги доделува наградите на американската Академија за филм соопшти дека ќе формира група чија задача ќе биде утврдување насоки за различност и инклузија кои треба да ги исполнат филмаџиите доколку сакаат нивните дела да се квалификуваат за престижната награда „Оскар“.

Академијата за филмска уметност и наука, која беше критикувана поради тоа што досега има наградено само неколку филмови и актери Афроамериканци, вели дека овој потег и следните чекори претставуваат нова фаза на петгодишниот напор за промовирање на различностите.

Во соопштението стои дека организацијата ќе работи со продуцентскиот еснаф на Америка за да формира работна група на лидери во филмската индустрија кои треба да развијат стандарди за застапување и вклучување за кандидатите за Оскари најдоцна до 31 јули, пренесува „Ројтерс“.

Правилата нема да важат за филмовите кои ќе се натпреваруваат за „Оскари“ на следната церемонија во 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави