Search

Србија има нови 57 инфицирани лица од коронавирусот

Во Србија во последните 24 часа се регистрирани нови 57 инфицирани лица од коронавирусот, што е за два пациенти помалку од претходниот ден. Бројот на вкупно заразените од ковид 19 се искачи на 12.367 лица.

Починат во битката со оваа болест има едно ново лице и бројката вкупно изнесува 255, а процентот на смртност се намали на 2,06 одсто.

Тестирани последниот ден биле 5.085 лица, а од почетокот на пандемијата таа бројка изнесува 308.013 соопштуваат на официјалниот сајт за ковид 19.

Моментално активни се 551 лице, од кои 15 се приклучени на респираторна машина.

Треба да знаете
Последни објави