Search

Србите ќе снимаат филм за Никола Тесла – Ѓоковиќ добил понуда да го глуми научникот

Српската филмска продукција ќе започне со снимање филм и серија за познатиот научник и иноватор со српско потекло, Никола Тесла. Интересно е што главната улога на ликот на научникот му е понуденa на српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, пишува „Блиц“.

Проектот „Тесла“ го предводи српскиот актер и продуцент Милош Биковиќ, кој потпишал протокол за соработка со руската Националната група за медиуми. Русите планираат да инвестираат над 2 милиони евра во спомнатиот проект.

Како што изјавил извор за „Блиц“, Ѓоковиќ е одушевен од идејата, но мали се шансите тој да се согласи од една причина – недостаток на време…

Преземено од taratur.com

Треба да знаете
Последни објави