Search

По „Однесено со виорот“, можно е и „Сплетки“ да бидат повлечени од ТВ-програма

Британските медиуми пренесуваат дека популарната хумористична серија „Сплетки“ (Only Fools and Horses) најверојатно ќе претрпи одреден вид цензура „поради бројните навредливи коментари на главните протагонисти, пред сè на сметка на жени и мажи со црна кожа“.

Британската серија, која е снимана во осумдесеттите и деведесеттите години, навистина е производ на своето време и сценариото е полно со реплики кои во тоа време се сметаа за прифатливи.

Во една сцена Дел Бој, кого го глуми Дејвид Џејсон, продавајќи часовници на пазар вели: „Како да ги подарувам за 10 фунти. За црнци 15, не може да биде почесно од ова“.

Ова е само еден од бројните примери.

Би-би-си претходно се обиде да го ублажи речникот во „Сплетки“ кога се емитуваше едитирана епизода во 2010 година, но ова предизвика остра критика кај гледачите. На стрим-платформата „Нетфликс“ и понатаму се прикажуваат оригиналните епизоди.

Според британските медиуми, некои епизоди ќе бидат тргнати од програма или, пак, серијата ќе објавува предупредување за гледачите дека содржи навредливи делови за одредени раси и националности.

Треба да знаете
Последни објави