Search

Покрај Јокиќ во друштво со инфицираниот кошаркар од Партизан биле и Ѓоковиќ, Даниловиќ,Вујошевиќ…

Партизан соопшти дека нивниот кошаркар Никола Јанковиќ кој е позитивен на коронавирусот немал изразити симптоми. Бил асимптоматски случај, но и тие пациенти можат да бидат преносители на Ковид 19, поради што превентивно ќе бидат тестирани сите членови на тимот.

Веќе се собираат информации со кого се Јанковиќ бил во друштво за време на ревијалниот меч организиран во чест на тренерот Дејан Милоевиќ од Мега.

Покрај НБА-ѕвездата Никола Јокиќ кој имал блиски контакти со Јанковиќ, на овој ревијален меч биле и светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ, Дејан Радоњиќ, Предраг Даниловиќ, Душко Вујошевиќ, Саша Обрадовиќ, Миодраг Ражњатовиќ…

Ковид 19 се пренесува по пат на капки, а на натпреварот кошаркарите и сите други присустни во салата немале заштитни маски и ракавици, кои се носат превентивно за да се спречи ширењето на заразата.

 

Треба да знаете
Последни објави