Search

Петнаесетгодишник со „фокус“ удрил во жардињера, па во врата од авто-перална

На 14.06.2020 во 14.50 часот било пријавено дека во Куманово на булевар Октомвриска револуција,  патничко моторно возило “форд фокус“ управувано од 15- годишник од Куманово удрило во бетонска жардињера, па во метална врата од сервис за миење автомобили.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 17 годишен сопатник, а со телесни повреди се здобил друг сопатник Ф.Ј.(18) двајцата од Куманово, по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Треба да знаете
Последни објави