Search

Николовски: На 15-ти јули СДСМ убедливо ќе ги порази мрачните и штетни политики на ВМРО-ДПМНЕ

Мојата изборна единица и истокот беа пример за тоа како се почитуваа мерките за справување со коронавирусот. Јавното здравје е предизвик и одговорност за секој од нас, истакна генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

„На 15-ти јули пак, секој од нас ќе биде пример за тоа како се спроведува безбеден и демократски изборен процес.

Ставаме крај на манипулациите и политиканството на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ, како и секогаш, ја покажува својата одговорност и грижа за државата. Затоа избори на 15-ти јули, избори на кои ќе учествува и опозицијата, избори на кои СДСМ убедливо ќе ги порази мрачните и штетни политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Со техничка влада значајните проблеми не се решаваат. На сите нас, а посебно на оние кои се на првата борбена линија против вирусот им треба функционална влада која ќе им биде подршка со носење закони и спроведување ред.

Ве повикувам сите без разлика за тоа која опција ви е поблиска, на 15-ти јули да го искористите правото на глас. Безбедно, почитувајќи ги правилата и протоколите.

СДСМ е одговорна власт, тоа го знаеме и тоа го можеме. Одиме напред!“, потенцираше Николовски.

Треба да знаете
Последни објави