Search

Митрески: Мило ми е што се договоривме за избори и ВМРО ќе учествува на истите

Јован Митрески од СДСМ во гостувањето на ТВ 24  истакна дека му е мило што и опозицијата ќе учествува на изборите на 15 јули.

-Ако се вратиме наназад од периодот кај лидерските средби кај претседателот Пендаровски знаете дека имаше изјави на лидерот на ДПМНЕ, Мицкоски дека треба да има избори на 23 август па треба да има на 30 август и 13 септември. Потоа имаше изјави дека не може да се зборува за датум за избори затоа што постои здравствената криза затоа што има голем број на заболени за вчера да слушнеме на прес конференција дека постојат некои услови кои треба да се исполнат за да се договори датум на избори. Денес слушаме дека датумот е договорен и тоа е 15 јули и наводно се исполнети двата ислови кои што ВМРО-ДПМНЕ ги бара. Тие два услови се учеството на ОБСЕ И ОДИХР и втората работа е дека ДИК да ги утврди протоколите, а сите знаат дека комисијата за заразни болести ги прати тие протоколи десет дена пред да бидат објавени како услов. Како и да е мене ми е мило што опозицијата ќе учествува на изборите, што утврдивме заеднички датум и конечно да го затвориме ова прашање, рече Митрески.

Тој истакна дека не знае која е разликата за тие 10 дена за граѓаните да бидат позаштитени од коронавирус.

-Неопходно е во земјата да заврши оваа агонија да имаме политичка власт која ќе ја води државата и преземе целосната обврска за сите случувања кои би следувале во иднина, додаде Митрески.

Треба да знаете
Последни објави