Search

Лукаревска: По два негативни тестови за коронавирусот, се враќам на моите секојдневни обврски

По два негативни тестови за коронавирусот, се враќам на моите секојдневни обврски, соопшти директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

„Сакам од срце да им се заблагодарам на сите кои ми дадоа поддршка овој период – морална и функционална.

По ова искуство сакам да упатам порака до сите наши сограѓани – бидете одговорни, но и солидарни. Ова е вирус кој може да допре до секој од нас. Да бидеме многу внимателни, да ги заштитиме нашите блиски и сите сограѓани. Да подадеме рака и да дадеме силна поддршка на оние кои се соочуваат со вирусот, заедно со сите опасности кои ги носи.
До сите кои имале контакт до КОВИД-19: Сочувство за загубените животи и лесно опоравување за оние кои се борат за своето здравје.

Секоја чест за здравствените работници, кои храбро и решително застанаа и останаа во првите борбени редови. Да им помогнеме, да продолжиме да ги почитуваме мерките. Да бидеме тука еден за друг – силни и обединети!“, посочи Лукаревска.

https://www.facebook.com/lukarevskasanja/posts/587204955235574

Треба да знаете
Последни објави