Search

Куомо предупреди за нови мерки ако не се почитуваат правилата за отварање на бизнисите

 Гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендрју Куомо, на пресот синоќа изрази загриженост како се одвива отварањето на економијата во државата и предупреди со нови мерки.

Тој ги искритикува локалните власти и бизниси поради неисполнување на актуелните протоколи со што се создава масовно собирање на луѓе кои не ги почитуваат правилата за физичка дистанца, и во принцип не носат маски.

-Ако имате големи собири на луѓе кои не ги почитуваат правилата за социјално растојание, кои не носат маски тогаш ќе се случи ширење на вирусот, изјави Куомо.

Тој додаде дека „вирусот најверојатно нема да се појави веднаш, но ќе се појави, и кога тоа ќе се случи, веќе ќе биде доцна. И така имате нова експлозија за која ќе бидат потребни недели да се поттисне”.

Куомо предупреди за воведување нови мерки на карантин во регионите на Њујорк каде не се почитуваат протоколите за групирање, физичка дистанца и носење маски.

Њујорк е најзагрозена држава во САД по бројот на регистрирани случаи на коронавирус. Во последните две недели трендот на нови заразени се стабилизира, и сега се движи на ниво од околу 400 илјади. Во Њујорк од Ковид-19 досега починаа 30.911 лица.

Треба да знаете
Последни објави