Search

Кошаркар на Партизан во изолација, откако тимот бил и на вечното фудбалско дерби кое го следеа околу 25.000 гледачи

Србија повлекува потези за да се врати во нормалниот живот по неколкумесечната битка со пандемијата од коронавирусот но тешко им оди да ја остварат таа победа. На спортски натпреавари дозволија присуство на публика, но бројките на заразени од коронавирусот им се зголемуваат. меѓу новоинфицираните денеска тамошните медиуми објавија дека има и еден кошаркар на Партизан.

Неговото име засега не се објавува. Тој веднаш е испратен во изолација, а на тестирање заминале и неговите соиграчи. Од средината на мај со екипата е и тренерот Андреа Тринкијери, кој успеа да не се зарази со Ковид-19 во Италија која со месеци беше најпогодена земја со пандемијата со Европа.

Паниката во спортските кругови, сепак, е далеку поголема бидејќи кошаркарите на Партизан, меѓу кои и заразениот со коронавирусот, беа гости на  трибините и го следеа неодамнешното фудбалско вечно дерби Партизан – Црвена звезда, кое се одигра пред околу 25.000 гледачи. Стравот станува сѐ поголем да не се повтори сценарио од фудбалскиот дуел во Лигата на шампионите помеѓу Аталанта и Валенсија во март, кој беше иницијална каписла за огромниот број заразени и мртви во Бергамо, но и во Шпанија.

 

Треба да знаете
Последни објави