Ирските партии постигнаа договор за формирање на нова влада

Ирските партии Фиана фол, Фајн Геал и Зелената партија денеска постигнаа договор за формирање на нова коалициска влада. Ако договорот биде ратификуван од локалните органи, ќе заврши политичката блокада во земјата.

За договорот да биде полноважен во следните десет дена треба да биде ратификуван од членовите на партиите.

Партиите сакаат да формираат нова влада пред крајот на јуни, бидејќи во моментот Парламентот не може да усвојува закони, вклучително и законот што се однесува на помошта во висина од 5,6 милијарди евра за компаниите што се погодени со пандемијата со Ковид-19.

Парламентарните изобори во Ирска се одржаа во февруари, но ниту една партија не освои мнозинство, а коалициските разговори беа прекинати поради пандемијата.

Треба да знаете
Последни објави