Search

Жител на Ваксинце дома чувал 51 мигрант

Полицијата во куќа во Ваксинце пронашла педесетина мигранти, информираше МВР.

-На 14.06.2020 во село Ваксинце, кумановско, од полициски службеници бил извршен  претрес во домот на Т.Ќ.(59), при што биле пронајдени 51 мигрант. Од нив 38 биле од Пакистан и 13 од Авганистан, меѓу кои имало и шест малолетни лица, велат од полицијата.

Известен Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави