Search

Децата плачат, сите се нервозни: Српски туристи сеуште заглавени на граничниот премин Кулата-Промихеас (ВИДЕО)

На граничниот премин Кулата – Промахонас во Бугарија моментално се наоѓаат околу 50 автомобили со српски таблички, кои и натаму чекаат да одат во Грција.

Српските туристи, меѓу кои има и многу деца, се надеваат дека ситуацијата ќе се смени и дека вечерва во 23 часот ќе може да го продолжат патот до крајната дестинација.

 

Уредникот на емисијата САТ Младен Елвировиќ се јави од самото место и тврди дека одредени српски државјани чекаат повеќе од 10 часа.

„Ова зад мене се сите автомобили со српски таблички, ги има околу 50 возила чии сопственици и натаму чекаат нешто да се промени. Се надеваат дека вечерва би можело нешто да се смени, зошто постои дипломатски притисок да се отворат границите, но мали се шансите за тоа“, рече Елвировиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави