Search

Во ГОБ ,,8 Септември” над 80 пациенти се на кислородна поддршка

Над 80 од вкупно 113 пациенти со Ковид-19 во ГОБ„8 Септември“, се ставени на кислородна поддршка. Ова е прпат во историјата на болницата од како е создадена како воена, толкав број на пациенти да се ставени на кислород во исто време, вели за НОВА, проф.др. Христија Костов директор на болницата која од 16 март е претворена во Ковид центар. Поради напливот од нови пациенти се отвораат нови оддели. Досега осум одели се ставени на располагање на Ковид центарот.

„ Никогаш досега во историја на болницата немало толку пациенти на кислодна поддршка. Но, не се жалиме, мора да биде така иако медицинскиот кадар е преморен. До денес има 113 позитивни пациенти, но постојано доаѓаат нови заболени. Како Ковид центар правиме реорганизација постојано, отвораме нови оддели, еве досега имаме осум оддели, а до пред некој ден беа шест. Од денес на располагање ни се и 10 лекари и 16 медицински сестри од болници во внатрешноста“, изјави за НОВА, Костов.

Болницата се полни со нови заболени пациенти, па ноќеска во доцните часови шест пациенти кои биле негативни на Ковид се префрлени на Институтот за ТБЦ во Клиничкиот центар.

Во последното деноноќие таму се примени 14 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 113 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 21 пациент. Во болницата позитивни на коронавирусот се двајца анестезиолози и двајца интернисти, а околу 15 други кои се во изолација за два дена треба да се вратат на работа.

Треба да знаете
Последни објави