Search

(Видео) Руски борбени авиони пресретнаа американски бомбардери над Балтикот

Руски борбени авиони Су-27 пресретнаа американски бомбардери Б-52Х и шпионски авион над Балтичкото море, соопшти руското мниистерство за одбрана.

Силите за брзо реагирање ги предупредија силите за противвоздушна одбрана на Западниот воен дистрикт, кој благовремено ја откри операцијата на бомбаредот Б-52Х на американските воздухопловни сили и набљудувачки авиони на странски држави над неутралните води на Балтичкото море, по штоги пресретнале руски борбени авиони, се наведува во соопштението, кое го пренесе ТАС С.

На значителна оддалеченост од руската државна граница, авионите на странски држави континуирано ги следел руските радарски станици, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави