Search

Бишевац: СДСМ на овие избори ќе ја добие заслужената казна

Зошто Зоран Заев бара толку брзи избори? Зошто не мисли за здравјето на граѓаните? Бидејќи е свесен дека во оваа ситуација на страв од корона, излезноста ќе биде помала, а тоа е сериозна шанса за власт, рече Сафет Бишевац на гостувањето на емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5.

-Сега треба и мора да се гласа, бидејќи државата не може да биде заложник на Заев. Но, сепак ова што се случува може да води кон тоа повторно да седнат и да се договараат. Гледате бројката не се намалува, денес е трицифрена, а помала од претходните денови, но помала поради помалиот број на тестирања, рече Бишевац.

Во оваа ваква ситуација со корона и страв кај граѓаните Заев гледа единствена шанса за него и за партијата.

-Во оваа ситуација Заев и СДСМ можат да загубат со помала разлика. СДСМ и Заев сакаат да ќарат на ситно. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на овие избори ќе ја добијат шансата на овие избори да покажат што знаат и можат. СДСМ сега на овие избори ќе ја добие заслужената казна. Во најлошиот случај 5 пратеници во полза на ВМРО-ДПМНЕ, но мислам и дека таа разлика ќе биде поголема, рече Бишевац.

Говорејќи за актуелната ситуација во врска со корона вирусот, Бишевац рече дека е лоша.

-Во моментот кога политиката одлучи да се меша тоа доведе до големи и катастрофални последици. Фичлипче беше идол, и сега го снема. Ако сте биле на врвот со 80 проценти, сега Филипче не смее да се појави три дена зошто резултатот е катастрофален, рече Бишевац.

Треба да знаете
Последни објави