Search

Белград во шок: Се самоуби омилената лекарка на српската естрада

Светски познатата белградска докторка Виолета Скоробаќ Ашанин извршила самоубиство бодејќи се со нож, јавуваат српските медиуми.

Ашанин била признат ететски хирург и сопственик на специјализираната болница за пластична, реконструктивна и естетска хирургија „Диона“ од 2000 година.

Според информациите до кои дојдоа медиумите, таа синоќа се заклучила во купатилото додека нејзиниот сопруг и нивниот син биле во станот. Кога приметиле дека долго ја нема, ја скршиле вратата и затекнале стравична сцена. За жал, веќе било доцна и лекарите околу 12:30 по полноќ констатирале смрт.

Ашанин била добитник на американска награда во областа на третманот со дебелина со помош на ултразвучна- липоскулптура. Учесник е на бројни европски и светски конгреси и автор на над 40 научни трудови.

Треба да знаете
Последни објави