Search

Црква во Аргентина поради мерките против коронавирусот стана кафуле

Евангелистичка црква во Аргентина е отворена во форма на кафуле, како симбол на протест против забраната за верските служби поради пандемијата на коронавирус, пишува „Гардијан“.

Имено, свештените лица се чувствуваат дискриминирани затоа што постепено се отвораат другите активности низ целата земја, а верските објекти сè уште се под клуч.

Во црквата се поставени маси и столови, а свештениците се облечени како келнери кои на послужавници ностат библии.

„Вака сме облечени бидејќи изгледа дека ова е единствениот начин на кој можеме да му служиме на словото Божјо. Значи, покрај телешко, на маса број четири пристигнува и словото Божјо“, вели пасторот Даниел Катанео, облечен како келнер во Евангелистичката црква Комунидат Редентор во градот Сан Лоренцо.

Иако коронавирусот продолжува рапидно да се шири во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес и неговите предградија, остатокот од земјата е во голема мерка без инфекции.

Вчера, во Аргентина беа регистрирани нови 1.391 случаи, што е рекорд, а само 89 од нив не биле во Буенос Аирес.

Во Аргентина досега 28.764 луѓе биле позитивни на коронавирусот, а 785 лица починале.

Треба да знаете
Последни објави