Search

Почина и таткото на Јанева

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева денеска со полициска придружба била спроведена  во Гевгелија на погреб на нејзиниот татко Костадин Делиџаков, долгогодишен судија и претседател на гевгелискиот суд, објави Либертас.

Екс-шефицата на СЈО во домашен притвор ја затекна и смртта на нејзината мајка на денот кога беше уапсена минатото лето на 20 август, кога исто така од обвинителот и беше дозволено да оддаде последна почит.

Денеска Јанева добила согласност да биде спроведена и на погребот на нејзиниот татко. Пресудата за Рекет судечкиот судија ја најави за четврток, 18-ти овој месец.

Треба да знаете
Последни објави