Search

Германија во понеделник ги отвора границите

Германија од понеделник, а не во вторник како што првично се планираше, ќе ги укине граничните контроли на границите сo своите европски соседи воведени поради пандемијата со коронавирус, соопшти германското Министерство за внатрешни работи.

Контролите според првичните планови требаше да бидат укинати во ноќта кон вторник, но тоа ќе биде направено од недела кон понеделник, рече портпаролот на министерството за АФП.

Германија на тој начин ќе ги отвори своите граници кога тоа ќе го сторат и нејзините европски соседи, пред се Франција, а не ден подоцна.

Германската влада со ова ја укинува обврската за оправдани причини за влез во земјата.

Преминувањето на границата досега беше дозволено само за прекугранични работници или за транспорт на храна, додека приватните посети беа забранети.

Треба да знаете
Последни објави