Search

(Видео) Хаос во Париз: Се судрија полицијата и демонстранти против полициското насилство

Неколку илјадници демонстранти се собраа во центарот на Париз во знак на протест против расизмот и полициското насилство, во бран на гнев кој се прошири низ целиот свет поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Полицијата се обидела да го прекине протестот бидејќи истиот бил забранет поради страв од уништување на блиските локали и продавници.

Иако на почетокот голем број полицајци го следеле протестот од далечина по околните улици, во еден момент фрлиле солзавец кон демонстрантите во центарот на Париз.

Отворените прашања во врска со системскиот расизам наидоа на разбирање во Франција, особено во сиромашните предградија, каде има случаи на полициска бруталност, претежно врз граѓани со имигрантско потекло, кои честопати остануваат без разрешница. На транспарент што го носеа демонстрантите на Плоштадот на Републиката пишуваше: „Се надевам дека денеска нема да умрам зошто сум црн“. „Ако сееш неправда, ќе жнееш бунт“, гласеше друг.

На собирот се обрати Аса Траоре, сестрата на 24-годишниот Адам Траоре, кој почина недалеку од Париз во 2016 година, откако беше приведен од полицијата.

„Смртта на Џорџ Флојд многу потсетува на смртта на мојот помлад брат во Франција“, рече таа. „Она што се случува во САД се случува и во Франција. Нашите браќа умираат“.

Семејството Траоре тврди дека тој се задушил бидејќи тројца полицајци го притиснале на земја со своите тела. Неговата смрт не е официјално разјаснета.

Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер претходно неделава призна дека постојат докажани сомневања за расизам во француските агенции за спроведување на законот.

Треба да знаете
Последни објави