Search

Ирски суд одобри екстрадција на обвинет за „камионот на смртта”

Ирски суд денеска одобри екстрадиција на Ронан Хјуз во Велика Британија, каде ќе му се суди за смртта на 39 Виетнамци пронајдени во камион со ладилник, близу Лондон минатата година.

Хјуз, кој е од Северна Ирска, е баран од британските власти поради обвиненија за трговија со луѓе.

Возачот на камион од Северна Ирска, Морис Робинсон, во март се изјасни за виновен по 39 точки од обвинението.

Жртвите, 31 маж и осум жени на возраст од 15 до 44 години, беа откриени во октомври минатата година во ладилник во задниот дел на камион, кој Робинсон го возеше до индустриски комплекс во Грејс, Есекс, на околу 30 километри источно од Лондон.

Ирски Висок суд утврди дека наводните злосторства се случиле во Велика Британија и дека земјата има надлежност да ги гони.

Треба да знаете
Последни објави