Во МЗШВ ќе се потпишуваат договорите за поддршка на планските региони

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе бидат официјализирани договорите за финансиска поддршка на планските региони.

Договорите ќе ги потпишат министерот Трајан Димковски и претставниците на центрите за развој на планските региони.

Поддршката за развој на планските региони е обезбедена преку Програмата за капитални инвестиции, а на јавниот повик право да учествуваат имаа сите центри за развој на планските региони кои се регистрирани согласно Законот за рамномерен регионален развој.

Средствата што ги доделува МЗШВ се наменети за финансирање инвестиции за реконструкција и пробивање пристапни патишта до земјоделско земјиште. Со помош на овие средства, центрите имаат можност да реализираат инвестиции за подобрување на руралната патна инфраструктура преку изградба и реконструкција на пристапни патишта во подрачја со интензивна земјоделска дејност. Со ваквите инвестиции, смета Министерството, ќе се подобри и олесни пристапот до обработливите земјоделски површини, што е особено важно за земјоделците кога ги вршат агротехничките мерки, бербата и транспортот на земјоделските производи.

Треба да знаете
Последни објави