Сугарески: Инвестиции во локалната патна мрежа и атмосферска канализација во Делчево

 Реализацијата на капиталните проекти во државата не само што не застана поради корона кризата, туку тие се реализираат со многу силна динамика насекаде и во секој регион. Ова при денешната посета на Делчево го истакна Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој заедно со делчевскиот градоначалник Горан Трајковски извршија увид во инфраструктураните проекти, кои се во тек во општина Делчево.

 Сугарески се осврна на досега реализираното во делчевскиот регион, при што нагласи дека Министерството за транспорт и врски во моментот е фокусирано на изградба на локалната патна мрежа и решавање на проблемите со атмосферската канализација во Делчево.
– Ја рехабилитиравме речиси целата патна инфраструктура во овој регион, а сега се фокусираме на локалната патна мрежа и на комуналните работи, пред се, заради подобрување на условите за живеење во општината. Во таа насока Министерството за транспорт и врски започна со реализација на проект за изградба на атмосферска канализација во должина од речиси два километра. Ова е од исклучително значење за градот, бидејќи конечно го решаваме проблемот со атмосферските води. Вредноста на проектот е 13 милиони денари, рече Сугарески.
Сугарески исто така изврши увид во реконструкцијата на неколку улици во градот, со чија изградба како што додаде, значително ќе се подобрат сообраќајните и безбедносните услови за сите граѓани.
-Тоа што сакам да потенцирам е дека општина Делчево преку Министерството за транспорти врски има на располагање околу 800 илјади евра за изградба и санација на улици. Во првата фаза општината аплицираше за реконструкција на три улици. За околу два месеца очекувам да го распишеме тендерот бидејќи така е по правилата на Светска банка и веќе наесен да започнеме со реконструкцијата, додаде министерот за транспорт и врски.
Според него, сите тие активности се показател за сериозните инвестиции и активности  на Владата во регионот. Ова е показател колку многу се работи на терен и уверувам дека инвестициите во инфраструктурата ќе продолжат со исто такво темпо како што и досега се реализираа, додаде Сугарески.
Со изградбата на атмосферската канализација во Делчево како што посочи градоначлникот Горан Трајковски се решава децениски проблем со кој се соочуваа жителите на населбата Милково Брдо.
-Станува збор за изградба на атмосферска канализација во должина од околу 1,900 метри во населбата и опфаќа изградба на повеќе краци. Проектираната атмосферска канализација треба да прифати дел од атмосферската вода од населбата Милково Брдо која ќе се одведе до веќе изведениот колектор на улица „Светозар Марковиќ” со испуст во река Брегалница, рече Трајковски.
Финансиската рамка на проектот е 13 милиони денари со пресметан ДДВ, а средствата се обезбедени преку грант од Министерството за транспорт согласно со договорот за проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води”, финансиран од Европската инвестициска банка
Треба да знаете
Последни објави