Search

Сари: Нема фаворити за Скудетото во оваа ситуација

Тренерот на актуелниот првак и лидер во фудбалската Серија А Јувентус, Маурисио Сари во интервју за веб-страницата на клубот зборуваше за теми поврзани со обновување на сзоната во Италија.

– Во оваа ситуација, не можеме да зборуваме за фаворити за Скудетото. Сите екипи ризикуваат да загубат поени. Најважно е да се заврши сезоната и ако здравствената состојба тоа го дозволува, треба да ги разгледаме протоколите и да избегнеме карантин да дојдеме до крајот на првенството. Решението да играме пред празен стадион не е пријатно, но силата на тимот лежи во тоа да знаеме како да се апстрахираме од условите на околината. Дури и ритамот може да се промени. Недостатокот на фанови може да ги промени работите, иако бавното темпо е повеќе од впечатокот што го добивате од телевизијата заради тишината, вели Сари.

Тој верува дека ризикот од повреди е многу голем, бидејќи се намалени мускулите на сите фудбалери.

– Ние наметнуваме систем на зголемување на оптоварувањата, но тие се пониски од оние што ги имаме во текот на летото. Друг непознат фактор е следната сезона, бидејќи не можеме да донесеме големи одлуки за подготовките, прокоментира Италијанецот.

Треба да знаете
Последни објави