Нутритивните состојки на супер лебовите на Жито Лукс

Сведоци сме дека во маркетите низ државата постои голема понуда и широк асортиман на различни видови лебови. Но голем дел од потрошувачите се во дилема како да го изберат најсоодветниот, што ќе одговара на нивниот вкус, а кој во исто време ќе им обезбеди и правилен начин на исхрана?

Еден од најчестите избори на поборниците за здравиот начин на живот се интегралните лебови кои имаат подолг рок на траење и се сметаат за подобар избор во исхраната, поради што се застапени и во многу видови диети. Овие лебови се направени од цели зрна жито и претставуваат извор на растителни влакна, витамини и минерали, а истовремено содржат многу малку маснотии. Вклучувањето на интегралниот леб во дневното мени е одличен начин да му се даде сигнал на организмот дека се грижиме за неговата благосостојба.

Најголемиот производител на леб и брашно во земјава, Жито Лукс, на пазарот неодамна пласираше нова категорија специјалени Интегрални лебови – со супер зрна, со супер семки и со супер житарки. Сите три нови вида леб се произведени со природни, минимално процесирани состојки, а во својот состав имаат и супер состојки, познати уште како „super foods“ – чија, тиква, спелта, овес, хељда и амарант.

Паметниот избор на тоа каков вид леб ќе консумирате може да ја оптимизира нашата исхрана и на тој начин да нѝ помогне да ги избегнете негативните и несакани ефекти по здравјето. Новите видови интегрален леб на компанијата Жито Лукс имаат поголема нутритивна вредност затоа што, освен што се добиваат од цели зрна жито, збогатени се и со природни и здрави состојки кои се минимално обработени. Здравствените придобивки од овие лебови се добро варење, а со нивното консумирање се внесуваат и повеќе витамини и минерали неопходни за правилно функционирање на организмот” – вели нутриционистот Тања Турунџиева.

 Супер лебовите на Жито Лукс веќе се достапни во маркетите и можат да се најдат во три комбинации: Интегрален леб со супер житарки – и’зртени овес и спелта, Интегрален леб  со супер семки – чија и тиква и Интегрален леб со супер зрна – хељда и амарант. Заедничка карактеристика на овие лебови, покрај богатата нутритивна вредност, е што се со потенки парчиња и со позбиена структура од вообичаено.

Лидерот во пекарската индустрија, со традиција постара од седум децении, во континуитет ги следи светските трендови и истите ги имплементира во своето производство, со цел да ги задоволи барањата за здрава и избалансирана исхрана. Со новите три вида супер лебови, компанијата успешно ќе продолжи да ги поттикнува потрошувачите за здрави навики во исхраната.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави