Search

Нова водоводна мрежа во Средно Нерези

ЈП „Водовод и канализација“ Скопје и Општина Карпош започнаа изградба на  нова улична секундарна водоводна мрежа низ локалитетот Средно Нерези. Со реализација на истата ќе се напушти од употреба постоечката мрежа која е од несоодветен материјал и профил, која поминува низ дворовите на постоечките објекти и која генерално била градена самостојно од самите жители  на овој локалитет без почитување на постапката за реализација на истата заради што и не била  евидентирана од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

„Со желба да се излезе во пресрет на барањата на жителите од овој локалитет, сега ние заедно со Општина Карпош, започнувме  активности за  докомплетирање на  постоечкиот водоводен систем за Средно Нерези на начин што ќе овозможи поквалитетно водоснабдување за жителите“, изјави Душко Весковски, Генерален Директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Имено ќе се пристапи кон реконструкција на постоечката водоводна мрежа по улиците од локалитетот (улици кои се предвидени со планска документација), кон дооформување на циркулациони прстени на истата и секако реализација на приклучоците за секој од објектите кои се заведени како корисници на услугите на претпријатието.

Општина Карпош ја нарача изработката на ОСНОВНИОТ ПРОЕКТ за улична водоводна мрежа низ локалитетот  СРЕДНО НЕРЕЗИ, а ЈП „Водовод и канализација“ Скопје го ревидираше проектот. Техничкото решение дадено во проектот предвидува поврзување на проектираната улична мрежата и краци на истата,  со постоечка водоводна цевка Ø100 мм која излегува од хидрофорската станица во Средно Нерези. Во проектот е предвидена изградба на нови 14 крака со полиетиленски цевки PE- 100/RC тип 3  со профил Ø 110 mm  и  вкупна должина која изнесува  2500 метри

„Вкупната инвестиција за изведба на секундарната водоводна мрежа во високата зона во населбата Средно Нерези, согласно проектно техничката документација, изнесува 14.423.660,00ден. Имајќи предвид дека реализацијата на Проектот е заедничка инвестиција на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и Општина Карпош, согласно договореното, набавката и монтажата на потребниот материјал ќе биде обврска на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и е во вредност  од 7,058,820.18 ден. Изведбата на градежните работи – ископот и враќањето во првобитна положба на ископините ќе бидат покриени од страна на Општина Карпош  во вредност од 7,364,839.05 денпосочи Весковски на денешната прес конференција.

Треба да знаете
Последни објави