Search

Кутињо сака да се врати во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Баерн, Филипе Кутињо, кој во редовите на германскиот бундеслигаш настапува како одстапен од Барселона, очекува да се врати во англиската Премиер лига, каде претходно играше за Ливерпул.

За 27-годишниот Бразилец сè уште се заинтересирани Тотенхем и Њукасл, како и Евертон, пренесува „Франс Фудбал”.

Според изворот, Кутињо и неговото опкружување се наклонети кон преселба во Њукасл, клуб кој треба да биде продадена на инвеститори од Саудиска Арабија.

Опцијата за Тотенхем е исто така постои, и покрај високата цена и плата на играчот.

Треба да знаете
Последни објави