Search

Даниловски за изборите: Tреба да нема заразени за да се организира масовен настан

Епидемиолошките критериуми се строго ригидни. Не може да се организира масовен настан од која било природа ако не се исполнети овие критериуми: да не се регистрирани заразени случаи за време на двете максимални инкубации, вели доктор Драган Даниловски, директор на Институтот за епидемиологија и биостатистика на Медицинскиот факултет во Скопје и поранешен министер за здравство во македонската влада во интервју за хрватски Тпортал.

На прашање на новинарот дали треба да се дозволат избори во Македонија, закажани за почетокот на јули Даниловски вели:

– Очигледно, таков критериум е тешко да се исполни. И затоа практично сите одлуки за масовните настани се, пред сè, политички. Станува збор за уметност на управување, уметност при избор на најповолен компромис помеѓу здравствени ризици за населението од една страна и други видови на ризици (социјални, економски, политички). Основниот принцип е: мерките преземени во дадена криза никогаш не смеат да предизвикаат поголема штета отколку што би била предизвикана од таа криза.

Според него, засега нема научна потврда дека вирусот навистина мутирал.

-Сепак, факт е дека и покрај зголемувањето на бројот на заразени, бројот на хоспитализирани лица опаѓа, почнувајќи од 6 јуни. Имено, бројот на хоспитализирани е посигурен показател за ширењето на епидемијата од регистрирани позитивни случаи. Зошто? Бидејќи бројот на заразени секогаш зависи од тестираниот број. И ако ги тестирате граѓаните само во жариштата на инфекција, ќе добиете нереално поголем број позитивни во однос на реалниот број на целата територија на државата. Значи, ако сакаме најобјективно да го процениме вистинскиот број на заразените, треба да се тестира целото население. За жал, и покрај најавите дека таков начин на тестирање би започнал уште на почетокот на јуни, не гледам никакви навестувања за такво нешто, вели Даниловски.

Треба да знаете
Последни објави