Search

Вонредната состојба во Бугарија продолжена до крајот на јуни

Вонредната состојба во Бугарија ќе продолжи до крајот на јуни. Тоа го изјави денеска премиерот Бојко Борисов во Советот на министри. Тој додаде дека ќе има наредба за тоа до крајот на денот.

– Мораме да се навикнеме да живееме со овој вирус, рече Борисов.

Главниот   државниот санитарен инспектор,   Ангел Кунчев, побара вчера продолжување поради зголемен број случаи на зараза со новиот коронавирус, утврдени во последните денови во општините Родопи и Сливен.

Но, во практика од 15 јуни почнува отворање театри, кина – на 50 отсто или преку седиште, маските во јавен превоз остануваат задолжителни.

Треба да знаете
Последни објави