Search

Јувентус ги нуди Ругани и Бернардески за Заноло

Италјанскиот фудбалски шампион и лидер во прекинатата сезона од калчолигашката конкуренција Јувентус сака да го добие играчот од средниот ред на Рома, Николо Заноло, пренесува „Тутопорт”.

Според изворот, „Торинците” се подготвени да и ги отстапат на Рома дефанзивецот Даниеле Ругани и напаѓачот Федерико Бернардески за 20-годишниот Италијанец, но Римјаните бараат за играчот 60 милиони евра.

Оваа сезона, Заноло има 24 натпревари на сите турнири во кои постигна шест гола и направи три асистенции.

Треба да знаете
Последни објави