Сопругата на трагично загинатиот Коби и ќерката Џиана бара отштета од 100 милиони долари

Сопругата на легендарниот НБА кошаркар Коби Брајант, Ванеса Брајант, ја тужи компанијата „Island Express Helicopters“, во чиј хеликоптер загина нејзиниот сопруг и ќерката Џиана и уште петмина сопатници. Според медиумите, Ванеса ќе побара отштета од 100 милиони долари.

Како што објави порталот „The Blast“, Ванеса сака правдата да ја истера на суд, сметајќи дека компанијата е одговорна за смртта на седумтемина патници во хеликоптерот кој се сруши пред 5 месеци. Во тужбата таа обвинува дека одговорните не ги собрале сите податоци за времето на полетување и дека не го одложиле летот откако дознале за лошите временски услови и за густата магла.

„Поради смртта на Коби и на Џиана, Ванеса Брајант бара економска и неекономска отштета и други олеснувања кои судит ги смета за исправни“, наведено е во документите предадени во судот, пренесува порталот.

Освен Ванеса, приватни тужби подготвуваат и семејствата на останатите загинати патници во падот на хеликоптерот.

Треба да знаете
Последни објави